Скопје во тројката најзагадени светски градови

 

По вчерашното петто место, Скопје денеска се искачи во тројката најзагадени градови, според мерењето на квалитетот на воздухот во 10:31 часот, пренесе „360 Степени“.

Иако времето е сончево, нема магла и не се забележува загаденост, сепак според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава индексот на загаденост на воздухот е 195. Позагадени светски градови од Скопје, утрово се Лахор и Бишкек.

На iqair.com денеска може да се види дека во главниот град на земјава се измерени 141,4 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички и 149,4 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Центар и Ректорат.

Според мерењата на „Ај-кју ер“, освен во Скопје, големо загадување има и во Кочани, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

 

25.12.2022 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега