(ФОТО) Арсовска го посети првороденото бебе: Му подари 20.000 денари

 

Првороденото бебе во Скопје во 2023 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје.

„Град Скопје на мајката и првороденото бебе во новата година им посака многу здравје и радости, со штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци“, информираат од Град Скопје.

За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите, се додава во соопштението.

 

01.01.2023 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега