Путин: Нема дијалог додека Украина не признае дека изгубила дел од територијата

 

„Владимир Путин ја потврди отвореноста на Русија за сериозен дијалог, под услов властите во Киев да ги исполнат добро познатите и постојано изнесени барања и да ги земат предвид новите територијални реалности“, соопшти Кремљ. Покрај тоа, Путин „ја потврди деструктивната улога на Западот, кој го снабдува Киев со оружје, обезбедува информации и насоки“, објави Кремљ.

Претседателите разговараа и за низа енергетски прашања, вклучувајќи го и создавањето на гасен центар во Турција и изградбата на нуклеарната централа Акују, додаде Кремљ. Ердоган и рускиот претседател разговараа неколку пати откако руските сили ја нападнаа Украина во февруари.

Турција делуваше како посредник со Обединетите нации во постигнувањето договор со кој се дозволува извоз на жито од украинските пристаништа. Според Кремљ, Путин уште еднаш му рекол на Ердоган дека треба да се укинат сите пречки за рускиот извоз на храна и ѓубрива, кои Русија ги гледа како дел од договорот за жито.

05.01.2023 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега