Извлечени се двојките за полуфиналето во Купот на Македонија

 

Денеска во Куќата на фудбалот беа извлечени двојките за полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, во кој ќе играат Тетекс - Металург и Работнички- Брегалница. Првите мечеви се закажани на 19 март во Тетово и Скопје, додека реваншите се закажани за 16 април. 

Финалето ќе се игра на 7 мај. 

Во таборот на бранителот на трофејот се уверени дека големиот пехар ќе остане во Тетово.

- Можеби ќе делува нескромно, но уште од сега тврдам дека Тетекс повтороно ќе биде освојувач на македонскиот куп, изјави Стефан Алампиоски претседател на Тетекс.

Тренерот на Брегалница Игор Ангеловски очекува реваншот од двомечот со „романтичарите“ да го даде вкупниот победник.

- Станува збор за една искусна и квалитетна екипа. Не очекуваат два интресни натревари. Прашањето на финалистот ќе се решава на вториот натревар во Штип, истакна Ангеловски. 

06.12.2013 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега