Голем пожар во Сплит
Во Сплит околу 2 часот и 40 минути имало голем пожар кој избувнал во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача.
Пожарот избувнал во магацин на раскрсницата на улиците Солинска и Пута Мостина, познат како Дујмовача. На терен се и 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ.
Сепак, причината за пожарот се уште не е позната, но откако пожарот ќе се изгасне, ќе се спроведе истрага. Се претпоставува дека материјалната штета ќе биде голема.
Пожарот предизвикал голема материјална штета,пренесе Аваз.ба.
12.01.2023 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа