ОМД: МНР и МВР да ги прогласат Џамбаски и Каракачанов персона нон грата
Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас за Македонците ширум светот, ги повикува Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи да го прогласат Европратеникот Ангел Џамбаски и Красимир Каракачанов за персона нон грата поради недолично однесување поврзани со теритиријални претензии кон Македонија и нацистички акти во Европскиот Парламент.
„Европратеникот Џамбаски и Каракачанов од 2016 година ги засилија нивните веќе јавно познати нацистички и територијални намери кон Македонија, со изјавите дека Македонскиот народ не постои и Бугарија има право на негово преиспитување како и затворање на прашањето. Од тогаш до денес, тие на неколку наврати а најмногу за време на изборите во Бугарија, објавуваа видео снимки и фотографии кои претставуваа заканувачки чин кон Македонија, со големи територијални и општествени претензии и воедно ја загрозуваа стабилноста и интеграцијата на Македонија.
Исто така нивната реторика за уништување на Македонската нација и припојување или асимилирање кон Бугарија постојано ја ревитализираа со спонзорирање и јавно искажување на Антимакедонски активности кои го спорат егзистирањето на Македонија и македонскиот народ. Тие се познати по своите противнички ставови кон било какво македонско малцинство во Бугарија и деградација на ромската заедница во Бугарија“, се вели во реакцијата на ОМД испратена до медиумите.
„Сметаме дека на европската политичка сцена нема место за омраза, фашистичко однесување и реторика кон било која земја од Европскиот континент и бара под итно да се забарани било каков влез во Македонија на Џамбаски и Каракачанов“, додаваат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа