Тоше Проески денеска ќе наполнеше 42 години- традицијата 16 години по ред не изостави,неговата сестра направи торта

 

Македонија и Балканот се присетува на најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој на денешен ден требаше да наполни 42 години.

Тоше е роден во Прилеп во 1981 година. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).

Тој бил претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освоил 14-то место. Во 2004 година, Проески бил именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“.

Ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓале на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови за фановите и неговите блиски, а традицијата 16 години по ред не изостави да ја прави неговата сестра Дора, му направи торта.

 

Имено таа како и секоја година на денот на роденденот на нејзиниот брат прави торта во чест на прерано загинатиот Тоше.

Оваа година Дора сподели фотографија на нејзиниот Фејсбук профил со тортата на која пишува „Секој твој роденден Тоше наша е воздишка." 

Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.

 

25.01.2023 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега