ВИДЕО: Ѓоковиќ го совладаа емоциите - со солзи ја прослави историската победа

 

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен.

Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП ранг листата.

Ѓоковиќ беше многу емотивен по победничкиот бод. Тој почна да плаче и го покри лицето со крпа, а потоа отиде кај семејството и со нив ја прослави големата победа.

 

29.01.2023 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега