Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 43.556

 

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција овој месец се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу  за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот земјотрес на 6 февруари следеле уште 7.930 последователни потреси.

Наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле штета.

Силни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија Турција на 6 февруари, како и во Сирија, каде исто така загинаа илјадници луѓе.

На 20 февруари турската провинција Хатај беше погодена од уште два силни земјотреси од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала. 

23.02.2023 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега