Полицаец уби колега во Австрија

 

Австриски полицаец (58) загинал кога бил застрелан од 46-годишен колега, соопштија денеска австриските власти.

Инцидентот се случил за време на утринскиот состанок во полициската станица во Трибен, во централна Австрија, се наведува во соопштението на полицијата на провинцијата Штаерска, пренесе АП.

Полицаецот бил уапсен како осомничен, а обидите да се спаси животот на другиот полицаец биле неуспешни.

Полицијата не соопштува детали за тоа што се случило и зошто.

27.02.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега