Италија се запозна со можностите за инвестирање во Македонија

 

Делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, македонскиот амбасадор во Италија, Велибор Топалоски, како и економскиот промотор во Италија, Иван Илиев, од денеска престојува во економска посета на Италија.

 Во склоп на посетата делегацијата ќе одржи презентации на можностите за инвестирање во Македонија, во градовите Торино, Милано и Верона.

 

Членовите на делегацијата ги преставија подобностите за инвестирање на настан специјализиран за автомобилската индустрија на Италија.

 

 На форумот, кој се одржа во зградата Аутомотив Клас Торино, присуствуваа претставници на над триесет автомобилски компании од регионот Пиемонте, регион кој е познат како еден од петте европски региони во кои се концентрирани компании од автомобилската индустрија.  

 

 По одржувањето на презентациите членовите на делагацијата остварија и индивидуални средби со претставници на повеќе компании.

 

 Како резултат на индивидуалните средби, со две компании произведители на компоненти за автомобилската индустрија, кои изразија конкретен интерес за релизација на инвестиција, се договорија работни посети на Македонија во почетокот на наредната година.

 

 За време на форумот, кој беше организиран со поддршка на Асоцијацијата на производители од автомобилската индустрија на Италија – ANFIA, Стопанска комора на Торино, како и Американската стопанска комора во Италија, се обратија и претседателот на Стопанската комора на Торино, Александро Барбери како и директорот на Асоцијацијата на производители од автомобилската индустрија на Италија, Џанмарко Џорда.

09.12.2013 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега