Толку од сонцето - од утре дожд и снег

Во текот на утрешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време. Во претпладневните часови со услови за краткотрајни врнежи од дожд, а повремено некаде и со краткотраен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

09.12.2013 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега