Захарова пресече: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд не важат за Русија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави денеска дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секој нивни налог за апсење е ништовен.
„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“, објави Захарова на Телеграм. Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.
„Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни“.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воени злосторства извршени во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа