Германија ќе се запознае со бизнис-потенцијалите на Македонија
Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска продолжува со економската посета на Сојузна Република Германија каде заедно со владина делегација составена од министерот за надворешни работи Никола Поповски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски, како и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, ќе ги претстави бизнис-потенцијалите на Македонија.
Предвидени се повеќе одвоени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, а централен настан е бизнис форумот што ќе се одржи вечер на кој пред стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија ќе бидат претставени поволностите за инвестирање во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа