Средби помеѓу македонски и грчки компании

 

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани можностите што ги нуди градот Солун за унапредување на билатералната соработка со македонските бизнисмени, а ќе бидат претставени и новите услуги на солунското пристаниште, транспортните и логистичките компании, хотелските капацитети и туристичките агенции. 

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис ќе имаат свое обраќање пред присутните.

Настанот се организира на иницијатива на Економско-трговското одделение при Канцеларијата за врски на Република Грција во соработка со Стопанската комора на Македонија. 

10.12.2013 - 09:27
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега