Горан Бреговиќ формира Фондација за ромски деца
Горан Бреговиќ синоќа во Сараево соопшти дека формира Фондација со цел да им помогне на младите и талентирани Роми од Босна и Херцеговина да добијат музичко образование.
Фондацијата, наречена Горица според името на ромски кварт во Сараево, ќе почне да собира средства со концерт на Бреговиќ и други познати музичари од поранешна СФРЈ, кој ќе биде одржан на 19 декември во Сараево.
Бреговиќ потенцира дека во прво време Фондацијата ќе цели да им помогне на ромските деца во Сараево, со амбиција подоцна да ја опфати целата држава.
Според него, во земјата со 3,8 милиони жители, од кои 100.000 се Роми, само пет или шест ромски деца се запишани во музичко училиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа