ВИДЕО: Нов документарец на „Нетфликс“ ги вознемири гледачите
Најновата документарна серија „Вако: Американска апокалипса“, која вклучува досега невиден материјал од озлогласениот 51-дневен конфликт меѓу федералните агенти и вооружената религиозна група во 90-тите, ги вознемири гледачите.
Серијата на „Нетфликс“ е дефинитивен приказ за еден од најчудните настани во Америка и истражува што се случило во Вако, Тексас, во 1993 година кога култниот водач Дејвид Кореш се соочил со федералната влада во крвава 51-дневна опсада.
Првата сезона содржи три епизоди и комбинира снимки од тоа време и интервјуа со лица вклучени во тој настан.
„Waco: American Apocalypse е објавена за да се совпадне со 30-годишнината од националната трагедија и нуди ексклузивен пристап до неодамна откриените видеоснимки направени на командното место на ФБИ за преговарање за заложници“, открива синопсисот.
„Вклучува и необработени снимки од вести што никогаш не биле објавени во американската јавност, како и прислушувања на ФБИ“, стои во описот.
Гледачите што веќе ги изгледале трите епизоди се огласија на социјалните мрежи за да ги споделат своите размислувања за најновата серија на „Нетфликс“, а многумина беа огорчени од една луда и одвратна соговорничка, како што напишаа.
Поранешната жителка на Вако, Кети Шредер, била дел од култот на Кореш и оттогаш жестоко го брани лидерот на култот во врска со наводната злоупотреба на малолетнички.
„Жената што го оправдува тој човек, кој имал секс со 12-годишни девојчиња затоа што е бог, навистина ме наежи затоа што се чини дека таа сè уште верува во тоа“, гласи еден од коментарите. „Гледам Waco: American Apocalypse на ‘Нетфликс“. Седум минути и моите први мисли се дека белата Америка не е здрава“, „Најтажниот дел од таа приказна се невините луѓе убиени од АТФ и ФБИ“, се некои од коментарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа