ФОТО: Клубот „Макпетрол“ освои 16 медали на македонското државно првенство во карате

 

Најуспешен клуб на Државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори во 2013 година стана скопскиот карате клуб „Макпетрол“, кој успеа да се закити со 16 медали од кои 6 златни, 5 сребрени, и 5 бронзени.

На турнирот учествуваа 46 клуба, со 256 спортисти, кои настапија во дисциплините кати и борби во поединечна и екипна конкуренција. 

Второ рангирани на ова првенство се нивните најголеми конкуренти екипата на Металург од Скопје.

Од карате клубот Макпетрол со медали на Државното првенство се закитија следните спортисти:

Петар Заборски - златен медал јуниори ( -76 кг), Селена Таушанова - златен медал кадетки (+54 кг), Сара Радичевска - златен  медал постари јуниорки (-53 кг), Мики Стојмановиќ - златен медал јуниори (+76 кг), Никола Димитриевиќ - златен медал јуниори (-56 кг), и екипно борби за кадетки и јуниорки златен медал.

 

10.12.2013 - 10:32
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега