На Пандев не му се оди во Русија

 
Добрите игри на македонскиот интернационалец Горан Падев во дресот на Наполи се почесто го привлекуваат вниманието на богатите руски клубови. Како што пишува италијанскиот спортски дневник „Кориере дело спорт“ досега нашиот репрезентативен капитен  Горан Пандев одбил три понуди од руски фудбалски прволигаши, и тоа од Рубин Казан, од Динамо Москва и од Локомотив Москва.
Пандев игра во голема форма и по добрите настапи и голови во Серија А Русите се подготвени да платат вистинско богатство за услугите на македонскиот напаѓач и постојано му додеваат, но тој е решителен во намерата да го доврши договорот со Наполи, кој истекува во летото 2015 година.
Пред неколку дена англиски „Инсајд футбол“ пишуваше за интересот за Пандев од премиерлигашот Тотенхем. Самиот тој, пак, стави на знаење дека сака да ја заврши кариерата во Наполи, во спротивно би играл некаде надвор од Италија.
10.12.2013 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега