Уметник преработува кукли за да изгледаат пореално

 

 

Франциско Ролдан е шпански уметник со уникатно хоби – куклите што масовно се произведуваат ги прерароботува во многу пореални верзии, а резултатите едноставно се фасцинантни.

Франциско собира кукли чии лица потоа ги пребојува за да изгледаат што е можно пореално. Тој им ја отстранува шминката што им ја ставаат производителите и потоа создава своја верзија на истите кукли.

Преработените кукли изгледаат како познати личности или ликови од ТВ-емисии, книги и филмови. Тој се обидува да направи куклите повеќе да личат на човечки суштества, а помалку на ликови од анимирани филмови со големи очи и нереални пропорции.

Неговите уметнички дела освоија многу луѓе, а Франциско објавува фотографии од куклите на „Инстаграм“, каде што го следат речиси 70.000 луѓе.

13.04.2023 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега