(ФОТО+ВИДЕО) Тонио Сан во „Бомбакис поткаст“: Порано беше срамота да се пее, сега сите пејат со „аутотјун“

 

Во вечерашната четиринаесета епизода во „Бомбакис поткаст“ гостуваше македонскиот рапер и продуцент Антонио Аренгеловиќ, на јавноста познат како Тонио Сан или РНС. Личноста со која израснавме и од која дознавме што е рапот.

Тонио Сан тврди дека хип-хопот го доживеал својот зенит, а и дека новите генерации пееле само со „аутотјун“.

„Имаш раѓање, созревање, зенит и опаѓање. Изгледа хип-хопот го доживеа својот зенит. Сега ќе се налутат новите генерации. Ова новово е некој друг правец. Се е друго. Друга е ритам секцијата, друг е импактот, друг е „диливрито“ на стихови. Порано беше срамота да се пее, сега сите пејат со аутотјун“, изјави Аренгеловиќ во „Бомбакис поткаст“.

Во поткастот Аренгеловиќ открива кој е РНС, а кој Тонио Сан, какво размислување има за рапот во Македонија, а објаснува и како се вработил како професор на факултет.

 

Екслузивно во „Бомбакис поткаст“ дава детали во какви односи е со Тони Зен. 

За наведените теми и многу останати, дознајте во најновата епизода на  „Бомбакис поткастот“.

13.04.2023 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега