Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Митева се кршеше со јајца: „Посакувам со мир, среќа и радост да го прославиме најголемиот христијански празник“

 

Портпаролката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева денеска објави фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, како се крши со јајца со најблиските во дворот од црквата Св.Илија во Аеродром. Притоа го честита најголемиот христијански празник Велигден на сите православни христијани.

„Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
Посакувам со мир, среќа и радост да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ!

Да бидеме од Бога благословени сите со добро здравје, среќа и љубов“, порача Митева од црквата Св.Илија во Аеродром.  

16.04.2023 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега