(ФОТО+ ВИДЕО) Ламбе Алабаковски во „Бомбакис поткаст“: Радосен и среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола
Вечерашен гостин во „Бомбакис поткаст“ беше пејачот Ламбе Алабаковски. Тој за првпат во јавноста даде став за палењето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Алабаковски како што изјави во поткастот, бил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.
„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.
Во продолжение целосното гостување на пејачот Алабаковски во Бомбакис поткастот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа