Времето денеска: Сончево, а попладне можен е дожд
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
И во Скопје, претпладне се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
22.04.2023 - 09:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа