Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени

 

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта.

Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Северна Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3  отсто.

Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови.

Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението.

Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе.

Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски.

И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.

23.04.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега