Викендов на југот на Франција се одржа свадбата на годината

 

 

Софија Ричи и Елиот Грејнџ се венчаа во Франција во саботата, настан кој веднаш се најде на насловните страници на таблоидите како свадба на годината вредна над 1 милион долари.

24-годишната манекенка –  ќерка на пејачот Лајонел Ричи и британскиот музички директор (30) –  син на музичкиот магнат и директор на „Јуниверзал мјузик“ Лусијан Грејнџ – рекоа „да“ во хотелот du Cap-Eden-Roc во Антиб пред семејството и пријателите.

Софија и Елиот го изнајмија хотелот на една недела, а според странските медиуми, само за сместување платиле над милион долари.

Невестата за церемонијата носеше фустан од „Шанел“.

За време на свадбениот викенд, невестата сменила дури три рачно изработени фустани Шанел – освен венчаницата, имала и краток фустан за афтер-парти и поекстравагантен фустан за дочекот, ден пред свадбата. Целиот настан беше покриен од Vogue, а фактот дека непосредно пред венчавката невестата отворила профил на „Тик-ток“ каде ги споделила подготовките за венчавката, открива дека се било внимателно испланирано за сите погледи да бидат вперени во нив.

Софија пред венчавката ја прифатила еврејската религија за Елиот, а церемонијата ја извршил рабин. Листата на гости вклучувала милионери и милијардери и многу познати имиња од светот на шоу-бизот. Покрај постарата сестра на Софија, некогашната многу популарна Никол Ричи, таму беа и Парис Хилтон и Камерон Дијаз.

На свадбата биле присутни и бројни инфлуенсери и тиктокери, поради што на социјалните мрежи можеше сè да се следи, што е вистинска реткост за вакви ексклузивни свадби.

 
24.04.2023 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега