Скарлет Јохансон: Доста беше, завршив со „Марвел“
Скарлет Јохансон не планира да се врати во филмскиот универзум на „Марвел“.
Славната актерка (38) – која дебитира како Црна вдовица во „Ајрон мен 2“, пред да глуми во серијалот „Одмаздници“ (Avengers) заедно со „Црната вдовица“ од 2021 година – не планира да глуми суперхеројка на „Марвел“ во иднина.
Во текот на поткастот на „Гуп“, Скарлет разговараше со Гвинет Палтроу, која глуми како Пепер Потс во филмовите за железниот човек (Iron Man).
„Беше прекрасно, најдоброто време досега. Мислам, снимањето на ‘Одмаздници’ беше многу забавно. Имав 26 години, бев сингл, ми беше забавно! Немав никаква одговорност кон никого, освен само да уживам“, рече Скарлет.
„И потоа на секои две години се враќавме назад и го правевме тоа повторно и сите бевме на разни места во нашите животи. Некој доби дете, некој се венча или разведе, или повторно се венча или што и да е. Сето тоа беше летен камп за возрасни. И беше интересно… едно од најдобрите искуства“, откри актерката.
„Уникатно искуство, но завршувам со ова поглавје. Направив сè што требаше да направам. Го глумев истиот лик повеќе од една деценија, доста беше“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа