(ФОТО+ВИДЕО) Тони Зен си се напи ракија во „Бомбакис поткаст“, па си призна: Јас не сакав да учествувам во „VIP Survivor“, ама отидов да се промовирам себеси
Една од најпознатите личности на музичката сцена, македонскиот рапер и продуцент Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, беше вечерашен гостин во „Бомбакис поткастот“. Во седумнаесеттата епизода по ред, Станковски му принесе ракија на Тони Зен, па заедно си се опуштија пред водителот да му ги постави „жешките“ прашања на гостинот.
Тони Зен раскажа за моменти од неговото детство, љубовта кон рапот, но и кошарката. Говореше и за неговото искуство во шоуто „VIP Survivor“. Откри дека на почетокот не сакал да учествува, но подоцна повеќе лица го предомислиле. Изјави дека учествувал во шоуто за да се промовира себеси, но и нашата држава Македонија. Потенцираше дека говорел само македонски јазик во српското ријалити шоу.
„Една порака до младите, почитувајте ги старите“, порача раперот во вечерашниот поткаст.
Кои се најголемите достигнувања на Тони Зен, детали за неговиот приватен живот, но и идни планови на поле музика, дознајте ги во најновата епизода од „Бомбакис поткастот“ на Кристијан Станковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа