Возачот на итната помош Осијек што возел до Загреб со помош на полиција да спаси девојче: Срцето ми е полно

 

Двегодишно дете било примено во болницата во Осиек во тешка состојба поради воспаление на белите дробови и му требало итен транспорт до Загреб. Поради проблеми во сообраќајот, возачот на Итната помош Осијек на помош ја повикал загрепската полиција, која се упатила пред амбулантата. Благодарение на ова, детето навреме пристигнало во болница, каде лекарите успеале да му го спасат животот.

„Ме натера некоја интуиција. Се јавив да видам колкава е гужвата низ сообраќајот, рекоа дека е преполно, дека не можат да помогнат. Ја повикав полицијата. Голема пофалби до господинот кој го прими повикот , младиот полицаец кој ја заврши работата, изјави возачот за хрватските медиуми Лука Новаковиќ.

„Убав настан е кога знаеш дека си помогнал некому. Мило ми е што имаме толку добар однос со полицијата. Срцето е полно!“, додаде тој.

Детето било во тешка состојба, интубирано и на кислородна поддршка.

28.04.2023 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега