(ФОТО+ВИДЕО) Тарабунов во „Бомбакис поткаст“: „Идол“ не направи мега-ѕвезди преку ноќ, луѓето кубеа коси за нас, а немавме ниту една песна
Македонската музичка ѕвезда, Александар Тарабунов утре ќе гостува во „Бомбакис поткаст“ на Кристијан Станковски. Во осумнаесеттата епизода по ред, Тарабунов открива дали бил мирно или пак темпераментно дете, раскажува како започнала неговата љубов кон музиката, а говори и за неговото искуство во големото шоу „Идол“.
Тој кажа дека шоуто „Идол“ предизвикал голем успех за натпреварувачите, Како што изјави, прераснале во мега-ѕвезди преку ноќ, а немале создадено ниту една песна. Колку девојките биле заинтересирани за него, а и дали некои „кубеле коси“ кога ќе го сретнат, дознајте утре во 21 часот на „Bombakis“каналот на Youtube.
За потсетување, последен гостин во „Бомбакис поткастот“ беше Тони Зен. Целиот негов разговор со Станковски проследете го во продолжение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа