Трагедија: 25-годишно момче загина во сообраќајка кај Штип

 

 

25-годишник од Карбинци загина синоќа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Плачковица.

Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.

Во несреќата, според информациите на надлежните, на самото место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР – Штип и јавен обвинител.

01.05.2023 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега