Снегот го прекина натпреварот во Истанбул
Баерн Леверкузен и Олимпијакос обезбедија пласман во 1/8 финалето во ЛШ по одигривањето на синоќешните мечеви од 6-то коло во групите А,Б,Ц, и Д.
Мечот меѓу Галатасарај и Јувентус беше прекинат поради снежни врнежи во 32 минута.
Овие две екипи ќе го доиграат натпреварот денеска од 14 часот.
Пред ова коло осминафинале имаа Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Резултати и табели: А група: Манчестер Јунајтед - Шахтјор 1:0, Сосиедад - Баер Леверкузен 0:1.
Табела: Манчестер Јунајтед 14 бодови, Баер Леверкузен 10, Шахтјор 8, Сосиедад 1.
Б група: Копенхаген - Реал Мадрид 0:2, Галатасарај - Јувентус прекината.
Табела: Реал Мадрид 16, Јувентус 6 (натпревар помалку), Галатасарај 4 (натпревар помалку), Копенхаген 4.
Ц група: Бенфика - ПСЖ 2:1, Олимпијакос - Андерлехт 3:1.
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 10, Бенфика 10, Андерлехт 1.
Д група: Баерн Минхен - Манчестер Сити 2:3, Викторија Плзењ - ЦСКА Москва 2:1.
Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Манчетсер Сити 15, Викторија Плзењ 3, ЦСКА Москва 3.
Вечерва од 20 часот и 45 минути се играат натпреварите од 6.коло во групите Е, Ф, Г и Х.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа