Пораз на Атланта, Перо Антиќ не заигра на паркетот

 

 Кошаркарите на Атланта продолжуваат со променливите резултати во НБА лигата откако ноќеска загубија дома од Оклахома Сити со 101:92 (21:21; 27:18; 28:29 и 25:24).

Атланта немаше решение за најдобриот стрелец на лигата Кевин Дјурант, кој постигна 30 поени со 10 скокови. Кај домашните Пол Милсап имаше 23 поени и 12 скока. Перо Антиќ повторно остана на клупата.

Следниот натпревар Атланта го игра во петок на домашен терен со Вашингтон.

На дуелот меѓу двата најдобри тима од „Исток“ Индијана го победи Мајами, па и натаму е тим со најдобар скор во лигата.

Преглед на резултатите: Лос Анџелес Лејкерс – Феникс 108:114, Чикаго – Милвоки 74:78, Детроит – Минесота 94:121, Бруклин – Бостон 104:96, Атланта – Оклахома Сити 92:101, Торонто – Сан Антонио 103:116, Индијана – Мајами 90:84 и Кливленд – Њујорк 109:94.

Вечерва се играат девет натпревари: Шарлот – Орландо, Бостон – ЛА Клиперс, Мемфис – Оклахома Сити, Милвоки – Сан Антонио, Минесота – Филаделфија, Њу Орлеанс – Детроит, Њујорк – Чикаго, Сакраменто – Јута и Голден Стејт – Далас.

Пласман Источна Конференција: Индијана 19-3 (победи – порази), Мајами 16-6, Атланта 11-11, Шарлот 10-11, Детроит 10-12, Бостон 10-13,...

Пласман Западна конференција: Портланд 18-4, Сан Антонио 16-4, Оклахома Сити 16-4, Хјустон 15-7, ЛА Клиперс 14-8, Денвер 13-8,.

11.12.2013 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега