(ВИДЕО) Груби се пожали: И покрај покачувањето, јас земам најмала плата
Вицепремиерот Артан Груби се пожали дека и покрај почачувањето и натаму има ниска плата. Новинарите инсистираа, но тој не ја кажа сумата иако според пресметките таа изнесува 125 илјади денари. Посочи дека одлуката на Уставен суд е во ред.
„Најмалата плата е на вицепремиерот, а е многу помала од моето претходно работно место, но е согласно законот. Добро е што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука. Од 2011 година е замрзнат коефициентот. По однос на платите нема ништо незаконски. Добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што ќе значи дополнителни 12 години“, рече Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа