Детектор: Мажите и жените земаат иста плата на исто работно место
Мнозинството граѓани или 47,4% се на ставот дека мажите и жените во Македонија на исти работни места земаат иста плата, покажува последната анкета на Детектор, спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје.
25,6% сметаат дека мажите се повеќе платени иако работат на исто работно место со жената, додека 3,1% сметаат дека жените се тие кои се повеќе платени од мажите за истата работа. Половата структура на одговорите покажува дека и мажите и жените се согласуваат дека платите за иста позиција се исти и за мажи и за жени. Ваков став делат 49,8% од сите анкетирани мажи и 45,2% од жените. Дека мажите се повеќе платени сметаат 20,2% мажи и 30,9% жени. 4,4% мажи се на ставот дека жените земаат повеќе плата за иста работа, додека ваков став делат само 1,9% жени.
48,9% од анкетираните се на ставот дека мажите и жените се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 35,2% сметаат дека не се.
56,8% од сите анкетирани мажи и 41,1% од жените сметаат дека постои рамноправна полова застапеност во јавниот сектор додека 29,7% мажи и 40,6% жени сметаат дека тоа не е случај
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа