Детектор: Мнозинството со став – при развод старателството врз децата најдобро е да го добие мајката
Мнозинството граѓани сметаат дека при развод најдобро е во интерес на детето старателството да го добие мајката, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него 52,6% од анкетираните сметаат дека при развод доделувањето на старателството на мајката е во интерес на детето додека со тоа не се согласуваат 22,4% од анкетираните.
Интересно е што во мнозинство со овој став се согласуваат и мажите и жените. 46,5% мажи и 58,5% жени сметаат дека доделувањето на старателството при развод каде најчесто се фаворизира мајката е фер и во интерес на детето додека со ова не се согласуваат 27,7% мажи и 17,2% жени.
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа