Пораз на Кожув и Куманово во БИБЛ лигата
Во 7-то коло на регионалната БИБЛ лига, кошаркарите на Кожув синоќа во Гевгелија беа поразени од Сигал од Приштина со 83;85. Најефикасен со 23 поени беа Миладин Пековиќ со 23 и Слободан Божовиќ кој реализираше 16 поени. Со оваа победа Сигал се израмни со Куманово на врвот на табелата со учинок од 5 победи и 2 порази.
Претходно Куманово загуби на гостувањето во Софија од Левски со 88:82.
Во рамките од ова коло утре ќе играат Пеќ и Теодо, додека дуелот Галил Гилбоа – Балкан ќе се игра на 22 јануари 2014.
Табела: Куманово 5-2 (победи-порази), Сигал Приштина 5-2, Кожув 4-3, Крајова 3-4, Галил Гилбоа 3-2, Левски 4-2, Теодо 1-6, Балкан 2-3, и Пеќ 1-4.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа