Стефковски: Донација на детски летни обувки за дечиња во градинката „25 Мај“ и „Детска радост“
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку својот официјален фејсбук профил информираше дека утринава дечињата од детската градинка 25 мај добија летни обувки. Подароците се донација од општествено одговорна компанија од општина Гази Баба.
„Утрово бев во посета на детската градинка 25 Мај, клонот Пони во Хиподром каде заедно со директорката на дечињата им ги поделивме летните обувки кои се донација од општествено одговорна компанија од општина Гази Баба.
Оваа донација ја реализираме за дечињата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, градинките 25 Мај во Ченто и Детска радост во Автокоманда.
Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка денес, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа.
Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е да создаваме подобри услови за престој на дечињата во градинките.“- пишува во фејсбук статусот на Стефковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа