Петровска: Пристигнуваат нови 26 оклопни возила од типот JLTV Oshkosh

 

Министерката Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека на пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија.

„26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“, истакна Петровска на новинарското прашање за набавката на оклопните возила од типот JLTV Oshkosh. 

Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира во следните години.

 

Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила го менуваме ликот на Армијата, ја зголемуваме нејзината борбената готовност и ја зацврстуваме безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата.

18.05.2023 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега