Јуве елиминиран од ЛШ

 

 Турскиот претставник Галатасарај се пласира во осминафиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони откако попладнево во доиграниот натпревар од 6.коло во Б групата го совлада Јувентус со 1:0.

Стрелец на победоносниот гол беше холандскиот интернационалец Весли Снајдер во 85.минута на асистенција од Дидие Дрогба.

Овој дуел започна вчеравечер и беше прекинат во 31.минута поради снежно невреме.

Освен Галатасарај од оваа група како првопласиран, меѓу 16 најдобри се најде и Реал Мадрид кој вчера го победи Копенхаген со 2:0.

Табела Б група: Реал Мадрид 16 бодови, Галатасарај 7, Јувентус 6, Копенхаген 4.

Вечерва се играат натпреварите од последното (6.коло) во групите Е, Ф, Г и Х. Пласман во осминафиналето од овие групи имаат обезбедено Челзи, Барселон и Атлетико Мадрид.

Двојки и табели: Е група: Челзи - Стеауа, Шалке - Базел. 
Табела: Челзи 9 бодови, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3.

Ф група: Олимпик Марсеј - Борусија Дортмунд, Наполи - Арсенал. 
Табела: Арсенал 12 бодови, Борусија Дортмунд 9, Наполи 9, Олимпик Марсеј 0.

Г група: Атлетико Мадрид - Порто, Аустрија Виена - Зенит.
Табела: Атлетико Мадрид 13 бодови, Зенит 6, Порто 5, Аустрија Виена 2.

Х група: Милан - Ајакс, Барселона - Селтик. 
Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3.

Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути. 

11.12.2013 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега