(Видео) Силно невреме во Крива Паланка: Сообраќајот на регионалниот пат е во прекин поради надојдена река
Попладнево силно невреме ја зафати и Крива Паланка.
Од ЦУК посочуваат дека од силниот пороен дожд кој во попладневните часови ја зафати територијата на општина Крива Паланка надојдена е реката Латковица кај с. Огут. Од надојдената буица-вода кај пропустите на патот прекинат е сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.
За настанот веднаш се известени Градоначалникот на Општина Кррива Паланка како и Раководителот на Македонија пат Подружница Крива Паланка.
14.06.2023 - 20:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа