Родилката низ солзи: Можеби до мојата смрт ќе има правда, и вториот судија кому му беше доделен случајот со Веапоска оди во пензија
Случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која ѝ беа извадени матката, бубрегот и јајчникот, повторно се одложи поради тоа што и вториот судија кому му е доделен предметот ќе се пензионира.
„Ова е само купување време, првиот судија, кој го зеде мојот предмет, замина во пензија, ставија нов судија, го ставија Живко Аврамовски, но, како што кажа и самиот Аврамовски, тука заврши и неговото судење затоа што и тој ќе оди во пензија и дека ќе дојде нов судечки судија, кој ќе го земе мојот предмет“, вели револтирано Веапоска.
Таа додаде дека нема никакво очекување и не верува во судот.
„Доктор Драги Дабески, кој требаше денеска да биде тука, кој е на страната на обвинетите, има направено спротивно вештачење на вештачењето на Институтот на судска медицина“, додаде таа.
„Јас правдата колку години ќе ја барам – не знам бидејќи сум доста физички оштетена, половина човек сум. Можеби до мојата смрт правда ќе има. Додека сум жива, нема да се откажам од правдата. Не знам колку психички ќе можам да го издржам сето ова малтретирање“, додаде Веапоска.
Според вештачењето на Дабески, докторите професионално си ја вршеле работата, ако не ја завршеле работата, ќе дошло до смртен исход, вели Веапоска.
Доколку добро си ја завршиле работата, немаше да имам нова интервенција, обвинува таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа