Шлеп служба му го подигнала автомобилот: Стружанецот на сила влегол на паркингот, го стартувал возилото и заминал
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Имено, на 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
28.02.2025 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа