Пожар во архивата на кумановскиот суд

 

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенира на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен, велат од ЦУК.

Претседателката на судот Снежана Манева за Телма потврди дека е регистриран пожар во подрумскиот дел во една од просториите. Во тој дел на судот се наоѓа архива од предмети од минатото.

-Се уште чади и се расчистува. Не знаеме засега кои се причините, дали е подметнат или е од електрична инсталација. Тоа ќе покаже истрагата. Зафатена е една подрумска просторија, ни рече Манева.

Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.

11.07.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега