Легендарниот Мирко Кро Коп во Скопје!

Најдобриот хрватски борец на сите времиња Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ ќе биде гостин на боречкиот спектакл FFC 10 кој денеска ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“.

Како што пишуваат хрватските медиуми легендарниот борец доаѓа за да даде поддршка на Фајнл Фајт, но и да го поддржи својот пријател Рико Родригез.

-Сакав на овој начин да дадам поддршка на Фајнл Фајт промоцијата бидејќи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје не очекува вистински спектакл. Неодамна го запознав Рико и моето присуство во ќошот при неговите борби е најмалку што можам да сторам, вели Мирко Филиповиќ.

Настанот започнува во 19:30 часот во салата „Борис Трајковски“.

13.12.2013 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега