Најдобрата бугарска компанија за агробизнис заинтересирана за откупни дистрибутивни центри за земјоделски производи

 

За време на средбата помеѓу  министерот за странски инвестиции Џери Наумоф со сопственикот на најголемата бугарска компанија од областа на земјоделството, било констатирано дека компанијата која три години по ред е прогласувана за најдобар агробизнис во Република Бугарија е заинтересирана за воспоставување мрежа на откупни дистрибутивни центри за земјоделски производи во Македонија.

На средбата министерот Наумоф, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, се осврна на активностите што ги презема Владата и Министерството за земјоделство за зголемување на конкурентноста на македонското земјоделско производство, а од своја страна сопственикот на бугарската компанија имаше средба и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на која од наша страна беа понудени повеќе земјоделски локации за изградба на откупни центри. 

13.12.2013 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега