Погонот на германската компанија „Маркарт“ ќе никне во „Караслари“

 

Германската компанија „Маркарт“ ќе го гради својот погон во индустриската зона „Караслари“. Погонот ќе се простира на површина од 15.000 метри квадратни, а со изградба ќе почне на почетокот на идната година.

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев истакна дека градежната парцела на која ќе биде сместен ќе се продава за 1 евро за метар квадратен и пет проценти комуналии согласно пропишаните законски регулативи. - За кратко време создадовме инфраструктурни услови во зоната. Изградивме канализациска и водоводна мрежа, обезбедивме довод на електрична енергија и сето тоа вроди со плод со оваа инвестиција, истакна градоначалникот Чадиев.

Во погонот во Велес ќе се вработат околу 600 лица со високо образование кои дополнително ќе се обучуваат.

 Инвестицијата е вредна 35 милиони евра.

13.12.2013 - 14:13
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега