Италијански компании се запознаа со бизнис-потенцијалите на Македонија

 

Владина делегација на Република Македонија, предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вчера престојуваше на бизнис форум кој се одржа во градот Верона, Италија со цел претставување на поволните услови за инвестирање во Република Македонија.

 На бизнис форумот беа присутни околу 40 италијански компании од различни сектори, а настанот се одржа во седиштето на Асоцијацијата на компании од производствениот и услужниот сектор, Confindusria Verona. Пред присутните беа претставени предностите и реформите кои Република Македонија ги спроведува со цел подобрување на бизнис климата, условите за работа на компаниите и даночната политика. Воедно, беа претставени мерките кои се преземаат со цел подобрување на инвестиционата активност во државата, вклучително и поволностите кои ги имаат инвеститорите во технолошко индустриските развојни зони во Република Македонија.

 

 За време на бизнис форумот беа истакнати стабилната макроекономска политика која ја води државата, мерките кои се преземаат во насока на развивање и усовршување на образовниот процес и работната сила во државата, како и можностите за инвестирање во различни секторски гранки од економијата. После настанот беа одржани поединечни средби со компании со кои беа дискутирани подетални информации за инвестициските можности во Македонија и кои најавија посета на Македонија во првата половина на 2014год.

 

 На бизнис форумот, освен Вицепремиерот Владимир Пешевски, можностите за инвестиции во Македонија ги презентираа и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции,  Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за Технолошко Индустриски Развојни Зони, Виктор Мизо.

13.12.2013 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега