ВИДЕО: Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

 

Вчера вечерта, околу 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист.

Постапувајќи по пријавата, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” веднаш излегле на терен и околу 19.25 часот ја пронашле едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди.

20.08.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега