МНР за тендерот за ОБСЕ: Меѓународните активности чинат пари, ние избравме најевтина фирма
Министерството за надворшени работи реагира по информациите во медиумите дека фирма, блиска до ДУИ, која воедно се јавува и како донатор, добила тендер за адаптација на СЦ Борис Трајковски во конференциска сала.
Во соопштението на МНР, меѓудругото, се вели:
„Постапувајќи по задолженијата од страна на Владата, Министерството за надворешни работи ја спроведе постапката за јавна набавка на работи за предметната цел, во целост придржувајќи се кон одредбите на Законот за јавни набавки. На јавната набавка се пријавија вкупно четири компании а изборот на изведувач на работите се вршеше врз основа на понудена најниска цена. Избраната компанија имаше понудено убедливо најниска цена, која достигнува разлика и до два и пол пати пониска од трето-рангираната и четврто-рангираната компанија. Ова ќе биде едно од најниско буџетни претседавања во поновата историја на ОБСЕ, а ќе се вброи во претседавањата со извонредено голем број на активности, организирани настани и покренати иницијативи. Треба да бидеме свесни дека вака значајните меѓународни активности на секоја земја чинат пари и бараат буџетски издвојувања. Нашиот буџет за Претседавањето со ОБСЕ ќе биде најмал во споредба со сите други во последните 10 години. Патем, буџетот на Министерството е транспарентен документ и тој може да се провери“, пишуваат од МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа